Германскиот трговски синџир „Кауфланд“, кој неодамна изгради дистрибутивен центар во Австралија и планираше да ги отвори своите први продажни објекти, неотповикливо се повлекува од овој континент.
Според тамошните медиуми, поради таквата одлука најмалку 200 луѓе ќе останат без работа. Образложението од трговецот е дека сака да се фокусира на европските пазари.
Претходно, во тек на летото, „Кауфланд“ интензивно градеше дистрибутивен центар, со план да отвори 30 објекти главно на источниот дел на Австралија. Притоа регистрираше околу 50 брендови.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.