Свет

„Карфур“ отвори хипермаркет во Уганда

21 Jan 2020

Францускиот трговски синџир „Карфур“ го отвори својот прв хипермаркет во Уганда. Новиот објект од 2.800 квадратни метри нуди асортиман од околу 20.000 локални и меѓународно признати брендови. 

Ова е седми пазар во Африка на кој „Карфур“ почна да работи, покрај Тунис, Мароко, Египет....

Партнер му е групацијата „Маид ал футаим“, кој ја поседува првата франшиза за отварање „Карфур“ продавници во Абрика, на Блиски Исток и во централна Азија. 

Овој потег претставува продолжување на проектот за ширење на африканскиот континент, кој почна со отварањето продавница во Кенија пред четири години. 

Пазарот во Африка брои повеќе од 40 милиони луѓе. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...