Свет

Во „Амазон“ ќе се плаќа со отпечаток од дланка

20 Jan 2020

Гигантот „Амазон“ работи на специјализирани терминали кои ќе бидат поставени во продавниците и ќе им овозможат на купувачите да ги поврзат податоците од платежните картички со нивната дланка.

Во тој случај, потрошувачите би можеле со плаќаат само со помош на дланката, без да имаат потреба да носат пари, картичка или мобилен телефон. 

„Амазон“ експериментира и со начините на плаќање во своите „АмазонГоу“ продавници, каде купувачите можат да плаќааат без воопшто да имаат потреба да застанат на каса. 

Покрај тоа, интернет трговецот воспостави „Амазон Пеи“, начин на плаќање со дигитален паричник, при што купувачите можат да платат и кај онлајн трговци кои не се дел од „Амазон“. Ако новиот проект за плаќање со дланка успее, тој би можел и да го престигне плаќањето со дигитален паричник, сметаат во компанијата. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...