Свет

Nestlé KitKat Gold наскоро и во Европа

14 Jan 2020

Nestlé KitKat Gold, кој бележи одлична продажба во Азија, наскоро ќе биде достапен и на европскиот пазар, соопштија од компанијата

KitKat Gold е верзија на познатиот бренд на Nestlé во кој крцкави вафли и млечна чоколада се мешаат со кремаста бела чоколада и со карамела. Користиме само какао зрна со сертификат UTZ, а десертот не содржи вештачки бои ниту засилувачи на вкусот, соопштија од компанијата. 

Производот KitKat Gold веќе стигна на полиците на неколку руски трговски синџири, а наскоро и ќе стане достапен и за потрошувачите во Велика Британија и во Ирска.

KitKat Gold прво се појави во ограничена серија на пазарите во Нов ЗЕланд и во Австралија, но по одличната продажба компанијата одлучи производот трајно да го задржи во регионот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...