На најголемиот технолошки саем во светот, CES 2020, кој се одржа во Лас Вегас, компанијата „Лереал“ го претстави Perso, прв уред за домашна употреба кој работи со помош на вештачка интелигенција.
Уредот има елегантен дизајн, со визина од 16,51 сантиметри,а е тежок околу половина килограм. Работи на едноставен процес кој во 4 чекори на лице место креира и испорачува формули за нега на кожата и козметика. Со тоа, персонализацијата на козметичките производи во домашни услови се подига на највисоко ниво досега.
Потпирајќи се на своето долгогодишно научно наследство и лидерство на полето на иновации, „Лореал“ повторно ги искористи напредните технологии за да создаде паметен уред, но и услуга која одговара на потребите на нашите корисници, нудејќи неограничени можности за персонализација и прецизност, соопштија од компанијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.