Илијас Едип Севинч, претседател на Здружението на извозници на ореви и јаткасти плодови на Турција (КФМИБ), изјави дека минатата година од земјата биле извезени околу 319.772 тони лешници.
Севинч истакнува дека ова количински е повеќе за 14,5% и вредносно за 24% во споредба со 2018 година. Овој успех не е случајност. Турските стопанственици напорно работат за да ја задоволат енормната побарувачка за лешници на сите светски пазари. Во последните години, особено се зголеми извозот на лешници на кинескиот пазар, нагласи тој.
Само во 2019 година увозот на турски лешници во Кина изнесувал 11.180 тони, во вредност од околу 87,2 милиони долари. Со тоа, најголемата азиска земја стана шести најголем увозник на лешници во светот. Севинч се надева дека во следните години Кина ќе се искачи на третото место, веднаш по Германија и Италија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.