Свет

„Окадо“ го отвора првото складиште со роботи

04 Dec 2019

Британскиот интернет трговец „Окадо“  во почетокот на идната година ќе го отвори своето прво „мини“ складиште за роботи, кое ќе биде лоцирано во Бристол. 

Од седиштето на компанијата соопштија дека тоа значително ќе им ја олесни работата при сортирањето пакети и при испораката. Иако „Окадо“ сега има само 1,4 отсто учество на пазарот на прехранбени производи во Велика Британија, истражувањата покажуваат дека е меѓу најбрзо растечките компании. Благодарејќи на својата напредна технологија, пазарната вредност на компанијата порасна на завидни 8,1 милијарда фунти, што отвори врата за бројни партнерства со други трговци ширум светот, како што е „Крогер“ од САД. 

„Окадо“ неодамна потпиша технолошко партнерство со јапонска компанија за интернет работење, што е прв таков договор на територијата на Азија. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...