Групацијата „Кофола“ уште еднаш успешно ја зголеми продажбата, при што забележа пораст од 3,6 отсто.
Покрај зголемувањето на платите и на трошоците за логистика, се соочивме и со поладно лето во однос на минатогодишното лето. Но, пак постигнавме пораст, дури и на заситениот чешки и словачки пазар. Јадранскиот регион значајно придонесе за тој раст. Купувањето на компанијата „Еспресо“ засили важен дел од нашиот сегмент на работа, соопштија од компанијата.
Во третиот квартал од годината, продажбата е зголемена за фантастични 9,7 отсто. Порастот во регионот традиционално го предводи продажбата на минералната вода „Раденска“, по што следуваат газираните безалкохолни пијалоци (посебно локалните брендови Ora, Nara, Inka и лиценцираниот Pepsi).
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.