Трговскиот синџир „Теско“ лансира линија прехранбени производи на база на билки под марката Tesco Plant Chef. Линијата вклучува макарони од тиква и карфиол, похувана соја, похувани филети без риба и пица со печурки.
Трговецот ќе организира и наменски билни и вегетаријански зони во продавниците со цел да им помогне на потрошувачите лесно да ги пронајдат посакуваните производи. Дел од овие производи ќе бидат сместени и во делот со месо.
Освен новата линија, „Теско“ има намера да додаде уште растителни производи во линијата Wicked Kitchen.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.