Дисконтерите „Алди“ и „Лидл“ отвараат се поголем број мали продавници преку кои се шират во големите урбани средини.
„Алди“ ќе отвара повеќе од 50 нови локални формати на продавници во Лондон.
Продавниците се на површина од по околу 560 квадратни метри, што е нешто помалку од половина од типичните „Алди“ маркети. Големите пакувања се жртвувани за да се намали палетата на производи на околу 1.500. Храната за носење и готовите јадења се истакнати во предниот дел на продавниците, изјави директорот на „Алди“ за Велика Британија и за Ирска.
„Лидл“ лансираше нов концепт за во големите градови. Првата таква продавница ја отвори во Франкфурт. Таа има 1.800 квадратни метри, се простира на два ката и е планирана да биде прототип за други, слични локации. Од „Лидл“ соопштија дека во блиска иднина ќе имаат повеќе од еден концепт продавници.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.