Свет

„Едека“ воведува козметика без микропластика

03 Oct 2019

Германската групација „Едека“ ја претстави приватната трговска марка козметика Mikroplastikfrei, која не содржи микропластика.

Козметиката без пластика постепено ќе се воведува во целиот асортиман козметички марки на „Едека“, кој го сочинуваат околу 300 производи.

Засега трговецот нуди околу 140 козметички производи што не содржат микропластика, а подружницата „Нето маркен-дисконт“ нуди околу 120.

Овој малопродажен синџир има намера целосно да ја исфрли микропластиката од асортиманот на неговите приватни трговски марки козметика до 2023 година.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...