Свет

„Едека“ претстави нов козметички бренд

04 Sep 2019

Германскиот трговец „Едека“ воведе нова линија за да ги означи козметичките производи од приватната трговска марка кои не содржат микропластика. ​

Линијата „Mikro-Plastikfrei” постепено ќе биде воведувана во вкупниот асортиман козметика без микропластика на „Едека“, кој брои околу 300 производи. 

Овој потег ќе ѝ помогне на компанијата да ги истакне овие производи, а на купувачите да носат совесни одлуки за својот избор. 

Во моментов, „Едека“ нуди околу 140 козметички производи без микропластика. Намерата е до 2020 година таа целосно да се отстрани од вкупниот асортиман козметика од приватната трговска марка. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...