Свет

„Нестле“ почна да продава „Старбакс“ кафе во Кина

12 Aug 2019

Гигантот „Нестле“ почна да продава брендирано Starbucks кафе во Кина, во обид да поттикне пораст на пазарот каде потрошувачката на кафе по глава на жител остана ниска во однос на глобалните стандарди.

„Нестле“ минатата година плати 7,15 милијарди долари за ексклузивни права да продава кафиња и чаеви на американскиот ланец на глобално ниво, а од февруари годинава почна да продава производи со ознака Starbucks во Европа, во Азија и во Латинска Америка. 

Веруваме дека Кина е највозбудливиот пазар во целина, но особено за кафето затоа што потрошувачката на чаша кафе по глава на жител е доста мала во однос на Азија, изјавија од „Нестле“. 

Компанијата го презеде овој потег откако во првата половина од 2019 година доживеа побавен пораст во Кина, вториот по големина пазар на „Нестле“. Во Кина, потрошувачката е 6 чаши кафе по глава на жител годишно, во споредба со по 400 чаши во Јапонија или по 300 чаши кафе во Јужна Кореја.  

Партнерството со синџирот кафетерии „Старбакс“ ќе му помогне на „Нестле“ да понуди премиум опции во палетата производи што веќе ги продава во Кина, како што се Nescafe инстант и Nespresso капсули.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...