Свет

Растот на трошоците го „изеде“ профитот на „Хајнекен“

29 Jul 2019

Потфрли профитот на компанијата „Хајнекен“, вториот најголем производител на пиво во светот, покажува анализата за работењето на компанијата во првите шест месеци од 2019 година. 

За овој период, оперативниот профит на „Хајнекен“ порасна за само 0,3 отсто, на 1,78 милијарди евра, што е под проценките на аналитичарите кои предвидуваа 1,92 милијарди евра. Причината е раст на трошоците. 

И покрај тоа, компанијата останува доследна на својата прогноза за цела година -  дека оперативната добивка пред еднократните трошоци ќе порасне за некој среден едноцифрен процент, пренесе „Ројтерс“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...