Најголемиот светски производител на пиво, „Будвајсер Бревинг Компани АПАЦ“ најави дека ќе излезе на берза со 1,6 милијарди акции.
Компанијата се надева дека ќе собере дури 9,8 милијарди долари и така ќе ја забележи најголемата овогодишна иницијална понуда на акции(IPO) во светот.
„Будвајсер“ е дел од пивскиот гигант „АБ Инбев“ во чие портфолио има над 50 брендови на пиво меѓу кои се Stella Artois, Beck’s i Corona.
„Будвајсер“ своите акции ќе ги понуди на берзата во Хонг Конг на 19 јули. Нивната почетна цена ќе биде меѓу 5.13 долари и 6.02 долари по акција, со што компанијата очекува треба да собере помеѓу 8,3 и 9,8 милијарди долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.