Продажбата на пиво без алкохол е во подем низ цела Европа, што се совпаѓа со зголемувањето на бројот на пиварниците за производство на пиво без алкохол и со отворањето на специјализиран бар во Даблин.
Во Велика Британија, продажбата на пиво со ниски алкохолни стапки скокна за 28 отсто до февруари 2019 година, во споредба со истиот период претходната година. Во Германија, едно од 15 продадени пива се проценува дека е без алкохол. Шпанија, која е сега најголем потрошувач на пиво без алкохол, има продажба на овие пива од 14 отсто од вкупната продажба на сите пива.
Продажбата се зголемува во сите земји кои се повеќе бараат безалкохолно пиво, а во тоа предничат Велика Британија, Скандинавија и Швајцарија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.