Американската компанија „Амазон“ е највреден бренд во светот со проценета вредност од 315, 5 милијарди долари, со што ги претекна „Епл“ и „Гугл“, покажа најновото рангирање на глобалните брендови на листата „Брандс Топ 100“, која го спроведува истражувачката агенција „Кантар“.
Податокот покажува дека вредноста на брендот „Амазон“ е зголемена дури за 52 отсто во споредба со минатата година.
„Епл“ се најде на второ место, со проценета вредност од 309,5 милијарди долари. „Гугл“ е на трето место, со вредност од 309 милијарди долари.
„Гугл“ и „Епл“ менувајќи си ги позициите поминаа 12 години на врвот на листата.
На четврто место се најде „Мајкрософт“ со вредност ос 251,2 милијарди долари, компанијата „Виза“ со 177,9 милиони долари е на петтото место. Во првите десет се и „Фејсбук“ со 159 милиони долари, „Алибаба“ со 131,2 милијарди долари и „Мекдоналдс“ со 130,4 милиони долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.