Британскиот синџир дрогерии „Бутс“ планира голема реорганизација во своите продавници.
„Бутс“ ќе ги отстрани традиционалните пултови за убавина од сите свои продавници. Пултовите ќе бидат заменети со, како што трговецот ги нарекува, „отворени содржини, трендовски зони, оддели за игра, истражувачки и презентациски зони“. Тоа значи дека продажните површини ќе бидат многу поинтерактивни за купувачите од кога било досега.
Новите „салони за убавина“ најпрвин ќе се појават во 24 продавници на „Бутс“, а потоа е во план да се прошират во сите продавници. „Салоните за убавина“ ќе бидат поделени во четири зони: Beauty Live, Beauty Edits, Beauty Experience Zone и Beauty Discovery.
Во текот на следните шест месеци, „Бутс“ во своите дрогерии ќе лансира и повеќе од 20 нови брендови вклучувајќи ги Becca, Skinny Tan, Nip + Fab, Balance Me и др.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.