Свет

„Нестле“ ги зголеми приходите поради кафето на „Старбакс“

22 Apr 2019

„Нестле“ ги зголеми приходите во првиот квартал од 2019 година, благодарејќи на аквизициите, вклучувајќи го и правото да ги продава производите на „Старбакс“ во супермаркетите во одредени делови на светот. 

Од компанијата соопштија дека приходите за овој период пораснаа за 4,3 отсто и достигнаа 19,4 милијарди евра. 

Неколку години наназад компанијата беше под силен притисок на акционерите да ги зголеми продажбата и профитабилноста, па направи измени во портфолиото на повеќе од 2.000 трговски марки. 

Приоритет во стратегијата за раст, сепак, е кафето. „Нестле“ е сопственик на брендовите Nespresso и Nescafe, а минатата година за 7 милијарди долари го откупи правото да го продава кафето на „Старбакс“ надвор од ланците кафулиња на оваа компанија. Од „Нестле“ го особено го истакнаа лансирањето на новиот асортиман од 24 кофеински производи во „Старбакс“ во првите три месеци од годинава. 

Управата на „Нестле“ очекува поголема стапка на органски раст и поголеми оперативни профитни маржи до крајот на 2019 година. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...