Швајцарија објави планови според кои ќе се укинат националните резерви на кафе, што е систем што оваа држава го применуваше со децении.
Федералната канцеларија за економски залихи образложи дека заклучиле оти кафето не е од значење за луѓето да преживеат. Се наведува дека тоа речиси и нема калории и не е неопходно во исхраната на луѓето.
Според плановите, обврската на државата да чува залихи кафе ќе истече на крајот на 2022 година. Но, таа обврска ќе ја имаат 15 компании, вклучувајќи ја и „Нестле“. Вкупната количина на залихите е околу 15 тони, што е доволно да покрие три месеци консумација на кафе во Швајцарија. „Нестле“ која е производител на Neskafe, други увозници и трговци според законот се обврзани да чуваат залихи на сирово кафе.
Системот на собирање и чување државни залихи е востановен меѓу Првата и Втората светска војна и е начин на кој Швајцарија се подготвувала за потенцијален недостиг во случај на војна, национална катастрофа или епидемија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.