Свет

„Кауфланд“ ќе се шири во Австралија

11 Mar 2019

Германскиот малопродажен синџир „Кауфланд“ ќе се прошири и во Австралија. 

Во првата фаза, таму планира да вложи 332 милиони американски долари, наменети за дистрибуциски центар и за маркети во Мелбурн. Дистрибутивниот центар ќе има површина од 280.000 квадратни метри и ќе биде најголем во тој регион. Почетните планови предвидуваат отворање на 1.600 работни места и на локално седиште. 

„Кауфланд“ е дел од групацијата „Шварц“ и е во сопственост на семејството Шварц, по кое и е именувана. Основана е во Германија во 1984 година, има повеќе од 1.200 маркети во седум земји (во соседството ја има во Хрватска) и вработува 150.000 работници. Австралија е нивен прв проект надвор од европските граници. 

Од 2001 година, во Австралија работи уште еден германски трговски синџир, а тоа е „Алди“. Неговата мрежа опфаќа повеќе од 200 маркети. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...