„Нестле“ отвори нов центар за истражување и развој посветен на исхраната на мајките и на бебињата. Центарот е во Ирска и во него компанијата вложи 27 милиони евра.
Центарот е опремен со најсовремена лабораториска опрема и со комплетно механизирана производствена линија со кои се овозможува развој и тестирање на нови производи. Неговата изградба ќе придонесе за побрзо темпо на иновациите во оваа категорија, која е најголем двигател на растот на „Нестле“. Центарот ќе биде фокусиран на развој на иновативни производи чија основа е млеко за бебињата кое ги обезбедува неопходните хранливи материи во првите 1.000 дена од нивниот живот.
Во декември минатата година, „Нестле“ отвори ваков центар и во Њу Џерси.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.