Свет

„Џајант фуд“ инвестира 175 милиони долари

01 Feb 2019

„Ахолд Делез“ соопшти дека неговиот бренд на американскиот пазар „Џајант фуд“ ќе вложи 175 милиони долари за преуредување и унапредување на продавниците во Вирџинија, Делавер, Мериленд и во Вашингтон.

Проектот, кој ќе биде спроведен во следните две години, вклучува отворање нова продавница во местото Ферфакс во Вирџинија и реновирање на 24 други објекти.

Реновирањето на продавниците ќе вклучува и цвеќарници со целосна услуга, оддели за природна и за органска храна, барови со азиска храна и барови за свежо цедени сокови.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...