Свет

Германците нерадо купуваат онлајн

29 Jan 2019

Германските потрошувачи сè уште немаат голема желба да купуваат прехранбени производи преку интернет, покажува студијата на ГфК.

Според студијата, само 3% од испитаниците редовно купуваат храна преку онлајн-каналот. Две третини од испитаниците (63%) не размислуваат ниту за дигитална алтернатива на супермаркетите. Наместо тоа, ја претпочитаат близината на локалните продавници (64%), сакаат да ги видат и да ги допрат производите (57%), ги избегнуваат скапите трошоци за испорака (24%) и се потпираат на квалитетот и на свежината на производите (20%).

Сепак, секој што купил храна преку интернет повторно ќе го направи тоа. Повеќе од половината од тие што веќе ги тестирале е-услугите изјавиле дека повторно ќе ги користат. Поголемиот дел од консументите на здрава храна го претпочитаат интернет-каналот, а повеќе од половина од тие испитаници (53%) веќе нарачале храна преку интернет.

Онлајн-купувачите ги ценат практичноста (49%), флексибилноста на купувањето (31%) и испораката на посакуваната локација (32%). Освен тоа, имаат корист и од зголемената и поексклузивна достапност на специјалитетите (26%) и понудата (24%), како и од флексибилните рокови за испорака (23%).

Според Германците, највисоки критериуми за избор на место за купување се хигиената (64%) и близината (50%). Освен тоа, испитаниците ги сакаат своите производи свежи (42%) и со пониски цени (40%), а високо го ценат и љубезниот персонал (37%).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...