Приватните трговски марки стекнуваат сè поголема популарност кај потрошувачите што купуваат прехранбени производи преку интернет.
„Кантар ворлдпанел“ наведува дека продажбата на трговските марки преку интернет во Велика Британија се зголемила за 4,7%, на 3,9 милијарди фунти (4,5 милијарди евра), додека продажбата на А-брендовите се зголемила за само 3,1%. За развојот на трговските брендови на интернет заслужни се речиси сите категории, дури и тие во кои традиционално доминираат А-брендовите.
Според податоците на „Кантар“, вкупната е-трговија со прехранбени производи во Велика Британија се зголемила за 9,2%, а според ИГД, нејзината вредност до 2022 година се очекува да достигне до 15 милијарди фунти (17,3 милијарди евра), што претставува скок за 48%.
Подемот на приватните трговски марки на интернет не е изненадување за Кристин Крос, која е заслужна за развојот на асортиманот Tesco's Finest. Нивото на иновација во комбинација со способноста за соработка со помали и пофлексибилни доставувачи на трговските марки им овозможува природна предност пред А-брендовите, вели таа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.