Свет

Паметна четка ги открива нечистите заби

12 дек 2018

Oral-B ја претстави паметната четка за заби Oral-B GENIUS.

За разлика од класичните четки за заби, оваа паметна четка е опремена со технологија за препознавање на положбата и сензори за движење, а во комбинација со паметен телефон и апликација се претвора во силно оружје за одржување на здравјето на забите.

Апликацијата Oral-B 4.1, која се поврзува преку блутут, во реално време дава повратна информација за начинот на четкање на забите во сите делови од усната празнина. Исто така, наведува колку долго треба да ги четкате забите и со колкав притисок.

Дури и кога не е поврзана со апликација, четката Oral-B во себе има мерач кој осигурува дека секој квадрант од устата се четка по 30 секунди, што на крај резултира со миење на забите за две минути и 22 секунди.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...