Во изминатиот период беше забележана голема активност во е-трговијата низ цела Европа:
„Карфур“ известува дека продажбата на храна преку онлајн-каналот се зголемила за повеќе од 30% во третиот квартал годинава.
„Ахолд-Делез“ ги објави плановите за надградба на онлајн-искуството на купувачите преку платформите за е-трговија на „Алберт Хеин“ и bol.com.
„Казино“ отвори продавница во Париз која на купувачите им овозможува да плаќаат онлајн преку апликација на паметните телефони или на самонаплатни каси.
Во Италија, „Еселунга“ ја прошири онлајн-услугата во главниот град, а „Кооп“ го воведе виртуелниот асистент ShoppY, кој им помага на потрошувачите при пазарувањето.
„Асда“ развива функции за паметни телефони кои ќе го намалат чекањето за услугата „клик & колект“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.