Свет

Пад на профитот на „Диа“

10 дек 2018

Трговскиот синџир „Диа“ објави оперативен профит од 281 милион евра во првите 9 месеци од годинава, што претставува пад за 24%.

Продажбата „вредност за вредност“ на групацијата во анализираниот период се зголемила за 2,7%, а пријавената продажба, како што се посочува, била погодена од депрецијацијата на бразилската и на аргентинската валута. Во првите 9 месеци од годинава бруто-продажбата изнесувала 6,95 милијарди евра, што претставува пад од 9%.

Во анализираниот период трговецот ги зголемил капиталните инвестиции на 269,1 милиони евра, а само на шпанскиот пазар биле вложени 196 милиони евра, за 71% повеќе во споредба со претходната година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...