Козметичкиот гигант „Лореал“ соопшти дека од јули до септември годинава приходите достигнале до 6,47 милијарди евра, што е пораст за 6,2% во споредба со претходниот квартал, односно за 7,5% во споредба со истиот период минатата година.
Од компанијата порастот ѝ го припишуваат на зголемената побарувачка на луксузни брендови.
Ова е најголемиот квартален пораст во последните 10 години, коментира Жан-Пол Агон, извршен директор на компанијата. Аналитичарите што биле анкетирани од „Ројтерс“ очекувале пораст од 5,79% во споредба со претходниот квартал.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.