Свет

Пад на продажбата на „Рекит Бенкисер“

12 Nov 2018

„Рекит Бенкисер“ објави помал пораст на продажбата од очекуваниот во третиот квартал.

Како што се наведува, тоа е последица од нарушувањето на производството во фабриката за храна за бебиња во Холандија. Фабриката се соочува со попречување во работењето, што влијаело врз продажбата на неколку пазари во период на необично висок пораст на пазарот. „Рекит“ влезе на пазарот за храна за бебиња минатата година, по аквизицијата на „Мид Џонсон“, вредна 17 милијарди долари.

Продажбата „вредност за вредност“ (like-for-like) се зголемила за 2% во третиот квартал. Ако не се земат предвид попречувањата во производството, кои ја намалиле продажбата за 70 милиони фунти, тој пораст би изнесувал 4%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...