Свет

Дигитална иновација во „Алберт Хеин“

12 Nov 2018

По успешно спроведениот пилот-проект, „Алберт Хеин“ ја отвори првата продавница без каси во медицинскиот центар во Амстердам, а втората ќе биде отворена во централната станица во истиот град.

Трговецот почна со експериментирање на новата технологија Tap to go во декември минатата година. Системот ги скенира електронските ознаки за производите на полиците, кои се интерактивни со картичките Albert Heijn. Со допир со картичката врз ознаката, потрошувачот го регистрира производот, го внесува во својата дигитална кошничка, го зема и го плаќа преку апликација на мобилниот телефон.

Tap to Go ќе биде применета во сите 80 објекти на трговецот од форматот „to go convenience“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...