Свет

„Сеинсберис“ ќе продава продавници?

11 Nov 2018

Британскиот трговец „Сеинсберис“ веројатно ќе треба да продаде стотици продавници за да добие одобрување за аквизицијата со „Асда“.

Регулаторното тело за заштита на конкуренцијата во Велика Британија, ЦМА (CMA – Competition and Markets Authority) идентификува реални изгледи за значително намалување на конкуренцијата на 463 места во Велика Британија, на кои постои преклопување со локалните тровци.

ЦМА објави дека планот на „Сеинсберис“ за купување на „Асда“ ќе подлежи на детална истрага. Според регулаторното тело, со аквизицијата трговците ќе имаат удел на пазарот нешто повеќе од 30% и заедно со сегашниот пазарен лидер „Теско“ ќе контролираат вкупно 60%.

Клучен фактор што ќе влијае врз исходот ќе биде одлуката на ЦМА дали ќе ги земе предвид продавниците на „Алди“ и „Лидл“, од кои поголемиот дел се помали од 1.400 м2, како директни конкуренти на поголемите продавници на „Сеинсберис“ и на „Асда“. Првичната анализа на ЦМА за ефектот од спојувањето го зема предвид само потенцијалното преклопување меѓу средните и големите продавници на двата синџира со тие на нивните четири традиционални конкуренти, без да ја разгледа потенцијалната конкуренција од хард-дисконтерите и од продавниците во соседството.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...