Свет

Пивото ќе поскапи од 2019 година

14 Sep 2018

Пивото ќе поскапи од 2019 година, поради пораст на цените на сите важни трошоци потребни за неговото производство.

Најголемите светски производители на пиво се соочуваат со пораст на трошоците за производство од приближно 16 отсто. Тие трошоци следната година ќе се прелеат на цената на пивото.

Првенствено скокна цената на јачменот, една од клучните состојки, чиј род драстично потфрли ширум Европа поради сушната година. Поради намалената понуда на јачмен, неговата цена достигна до 236 евра за тон и највисока во последните пет години. На пример, во Велика Британија цените на јачмен се зголемија за 37 отсто на годишно ниво, а во Франција за 23 отсто.

Има пораст и на цените на енергијата, па и на алуминиумот од кој се произведуваат лименките. Цената на алуминиумот само минатата година скокна за 20 отсто. 

Поскапувањето веќе се чувствува во британските пивници. Таму цената за кригла достигна до 3.65 фунти и е за 7 фунти повисока од минатата година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...