Свет

„Теско“ воведе банани на парче

06 Sep 2018

Британскиот синџир супермаркети „Теско“ престана да наплатува банани по килограм и воведе наплата на парче, со што цената на секоја банана двојно се зголеми. 

Бројните купувачи своето незадоволство од ваквата мерка го изразија на социјалните мрежи – не се толку лути поради поскапувањето, колку поради впечатокот дека „Теско" се обидува да ги измами со воведувањето ваков начин на наплата. 

Од „Теско" ја правдаат мерка со повисоките цени за изнајмување на простор во центарот на градовите каде се лоцираат маркетите.
 
Поради повисоките цени за водење на нашите продавници, постои мала премија на некои производи. Нашите минимаркети се сместени на првокласни, централни локации, каде кириите се повисоки во споредба со објекти што се надвор од градот, соопштија од компанијата. 

„Теско" има повеќе од 3.500 продавници во Велика Британија, од кои 2.700 се минимаркети. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...