„Амазон“ ќе почне со е-продажба на храна и пијалаци во Мексико. За почеток, во понудата ќе бидат вклучени закуски, десерти и вина, соопштија од компанијата.
Овој потег е продолжение на пазарната борба на „Амазон“ со најголемиот конкурент на мексиканскиот пазар – „Волмарт де Мехико“.
Засега е-трговијата има мал удел во вкупната малопродажба во Мексико, но бележи значителен пораст, што ја забрза трката меѓу „Амазон“ и конкурентите во инвестициите во логистика, технологија и понуда на производи.
Во категориите храна и пијалаци, „Амазон“ го гледа клучот за својот понатамошен пораст, оценуваат аналитичарите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.