„Кока-кола ХБЦ" – Унгарија ќе вложи 1,8 милијарди форинти (5,5 милиони евра) за проширување на погонот за минерална вода во градот Заласентгрот, во западниот дел од земјата.
Како што соопштуваат од компанијата, производителот на безалкохолни пијалаци планира во Унгарија да почне со производство на новата премиум бренд Glacéau Smartwater – дестилирана вода со електролити. Годишното производство, како што најавуваат од компанијата, ќе изнесува 100 милиони шишиња во текот на следните години.
За почеток, Glacéau Smartwater ќе се продава во Италија, Австрија, Русија, Чешка, Словачка, Србија, Хрватска и во Ирска.
Минас Агелидис, генерален директор на „Кока-кола" – Унгарија, вели дека водата веќе е водечки премиум производ во Велика Британија и во САД.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.