Цените на велигденските чоколадни јајца во Италија годинава се повисоки за 30%, по порастот на светските цени на какаото и кризата за путер, соопштуваат од групацијата на потрошувачи „Кодаконс“.
Чоколадните јајца за деца или јајцата со лиценцирани анимации како што се цртаните ликови и логото на спортски клубови, поскапеа за 33%, додека висококвалитетните чоколадни јајца чинат и до 40% повеќе оваа година, се вели во соопштението, пренесува „Анса“.
Се додава дека поскапување од околу 20% е забележано и на традиционалната италијанска „колумба“, или велигденска торта на мирот, поради скокот на цената на путерот.
„Коломбите“ полнети со чоколадо, со парчиња чоколада, глазура од какао или крем, забележаа повисоки поскапувања, меѓу 18% и 36%.
Како што објаснува групацијата на потрошувачи, цените на какаото достигнаа рекордни 12.000 долари за тон кон крајот на 2024 година и моментално се движат околу 8.000 долари, во споредба со 2.900 долари во март 2023 година
Путерот, основната храна за „колумба“, исто така бележи силен раст, за 83% од годишно ниво според најновите податоци на Европската комисија, при што цените надминуваат 8.300 долари за тон.
Извор: Biznisinfo.ba
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.