Свет

САД: „Пепсико“ го презема брендот Poppi

18 Mar 2025

„Пепсико“ соопшти дека склучил договор за купување на Poppi, брзорастечки бренд на пребиотички газирани пијалоци во САД, за 1,95 милијарди долари, вклучувајќи  ги 300 милиони американски долари очекувани даночни олеснувања, што резултира со нето куповна цена од 1,65 милијарди долари.

 Со години го подобруваме нашето портфолио на храна и пијалоци, иновираме во нови сегменти и преку стратешки аквизиции да им понудиме на нашите потрошувачи попозитивни избори. Повеќе од кога било, потрошувачите бараат практични и вкусни опции кои одговараат на нивниот животен стил и зголемениот интерес за здравје и благосостојба. poppi е одличен додаток на нашите напори за трансформација на портфолиото за да се задоволат овие потреби, изјави Рамон Лагуарта, претседател и извршен директор на „Пепсико“.

Poppi е брзорастечки функционален бренд на газирани пијалоци кој комбинира пребиотици, овошен сок и јаболков оцет за да создаде нискокалоричен пијалок со не повеќе од пет грама шеќер по порција. Неговиот пристап кон потрошувачите, културното препознавање и нутритивните вредности изградија база на лојални обожаватели и го поттикнаа брзиот раст на брендот во САД.

 

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: Pepsi



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...