Свет

Шпанија: „Макро“ лансира над 400 нови производи од сопствените трговски марки

18 Mar 2025

„Макро“ кој е дел од групацијата „Макро Аг“, продолжува со унапредување на гастрономската понуда и со засилувањето на својот асортиман од сопствените брендови преку лансирање на 406 нови производи.

Кај новите производи најмногу иновации се забележани во категориите на смрзнатото и свежо месо, како и во делот на професионалните кујнски садови и опрема. Зад овие производи стои тимот на центарот „Планта Тхинко“ кој компанијата го отвори во 2022 година. Минатата година во овој центар се тестирани 165 производи, од кои повеќе од сто се променети за да се подобри нивниот квалитет, се наведува во соопштението на компанијата.

Со лансирањето на новите производи, компанијата моментално има над 6.000 производи од брендовите  Metro Chef, Metro Professional, Metro Premium, Rioba и Aro, кои минатата година сочинуваа 38% од вкупната продажба на „Макро“. 

Ова е зголемување за два процентни поени во споредба со претходната година, кога „Макро“ - Шпанија стана првата филијала на „Метро“ која ја надмина целта продажбата на сопствен бренд да достигне 35% од вкупната продажба до 2030 година.

Причината поради која ја зајакнуваме нашата сопствена палета на брендови секоја година е да им понудиме на рестораните 100% големопродажна, иновативна понуда која ги задоволува нивните специфични потреби. Дополнително, нашите брендови придонесуваат за економската одржливост на нашите купувачи со конкурентни и стабилни цени, изјави Енрике Дијаз, директор за брендовите на „Макро“.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Макро“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...