Трговскиот синџир „Алкампо“ кој е дел од француската компанија „Ошан“, минатата година лансира 536 нови производи од сопствените трговски марки.
Од вкупно 536 нови производи, 280 се од сегментот на храна, 156 се додатоци за домашни миленици, речиси 70 производи доаѓаат од нивната козметичка линија Cosmia, додека 30 производи се од категоријата производи за чистење.
Меѓу 280-те нови прехранбени производи, 170 го носат препознатливото лого на црвена птица, 50 припаѓаат на линијата на производи со најниска цена, додека речиси 20 производи се дел од Auchan Collection, премиум гастрономската линија на компанијата која сега вклучува 178 производи.
Во рамките на Auchan Collection исто така презентирааа производи со сертификати за одржлив риболов и аквакултура MSC (Marine Stewardship Council) и ASC (Aquaculture Stewardship Council), како што се бакалар, бранцин и лосос.
Дополнително, компанијата лансираше 14 нови видови италијански тестенини, 10 нови храни за домашни миленици во рамките на линијата Premium Auchan Expert, седум нови производи богати со протеини во рамките на линијата Protein+, како и шест нови органски производи под брендот Bio и три нови вегански производи.
„Алкампо“ моментално нуди вкупно 4.258 производи од приватните трговски марки, што е зголемување од 10% во однос на претходната година.
Нашиот бренд е јасен пример за иновации и прилагодување кон трендовите на пазарот. „Работиме секој ден за да ги задоволиме сите потреби и опции за исхрана на нашите купувачи, изјави Раул Гарсија, директор за приватните трговски марки во „Алкампо“.
Извор: InStore.rs
Фото: „Алкампо“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.