Свет

ЕУ: Расте бројот на мали компании кои ги користат онлајн каналите за продажба

03 Mar 2025

„Евростат“ соопшти дека ЕУ во 2023 година,  23,8% од компаниите продажбата ја правеле онлајн, што е за 6,6 процентни поени повеќе во однос на 2013 година (17,2%).

Меѓу земјите на ЕУ, Литванија имаше најголем удел на компании ангажирани во онлајн продажба со 42,1%, пред Ирска (39,6%) и Данска (38,8%). Најмал удел има Луксембург со 12,2%, потоа Романија (14,7%) и Бугарија (15,1%).

Во однос на големината на компанијата, 46,5% од големите компании (со 250 или повеќе вработени) во ЕУ продавале онлајн во 2023 година, што претставува зголемување од 7,3 процентни поени во споредба со 2013 година (39,2%).  Кај средните претпријатија (од 50 до 249 вработени), 30,5% користеле онлајн продажба, што е зголемување за 5,8 процентни поени во однос на 2013 година (24,8%). Овој удел е помал кај малите компании (од 10 до 49 вработени), бидејќи 21,9% од нив користеле канали за онлајн продажба во 2023 година, што е зголемување за 6,6 процентни поени во споредба со 2013 година (15,3%).

 

Извор: InStore.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...