Свет

ЕУ планира да го ограничи увозот на храна од САД

17 Feb 2025

Европската унија планира да го блокира увозот на одредени производи на храна за да ги заштити своите земјоделци, по примерот на реципрочната трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на свои извори.

Европската комисија ќе се согласи оваа недела да ги истражи построгите ограничувања на увозот, пренесува весникот, повикувајќи се на изјави на тројца неименувани официјални лица.

Меѓу првите намирници чиј увоз би бил ограничен или блокиран би можеле да бидат американските култури, како што е сојата, која се одгледува со пестициди кои земјоделците од ЕУ не смеат да ги користат, се вели во извештајот.

Извор: alsat.mk

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...