Познатиот трговски синџир „Алди“ започна да тестира нов модел за купување во Велика Британија. Секој што сака да купува во продавницата„Шоп & Го“ во Гринич, источен Лондон, треба да плати од 10 фунти (околу 12 евра) при влезот во продавницата.
Продавницата работи со помош на камери со вештачка интелигенција кои следат кои производи ги земаат купувачите од полиците, а по излегувањето од продавницата соодветно се одбиваат пари од нивната картичка. За да влезат во продавницата, купувачите мора да ја преземат апликацијата „Алди шот енд го“ да регистрираат платежна картичка или едноставно да ја допрат својата картичка на влезната врата.
Компанијата по неколку денови ќе им рефундира на купувачите кои ќе потрошат помалку од 10 фунти или ќе заминат без производите што ги купиле. Новото во целата приказна е што сега купувачите треба да платат депозит за да може да влезат во продавницата.
Ако потрошите 12 евра или повеќе, вашиот депозит се признава, но ако потрошите помалку или ништо, вашиот депозит се враќа. Така барем во теорија треба да биде. Системот очигледно сè уште е донекаде подложен на грешки, пренесуваат медиумите.
Извор: Bankar.mr
Фото: „Алди“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.