Свет

Германија: Потрошувачите се воздржани во купувањето

30 Jan 2025

Во заедничкиот извештај на институтите „ГФК“ и „НИМ“ се наведува дека Германците на почетокот на годинава не биле расположени да трошат, за тоа придонеле инфлацијата и стравот од губењето на работното место.

Нирнбершките институти кои ја истражуваат потрошувачката, за февруари прогнозираат уште поголема воздржаност на граѓаните при купувањето и пад на индексот на минус 22,4 поени. За споредба, од 1980 – ти до пандемијата индексот главно бил околу 10 поени.

 Расположението на потрошувачите доби нови удари и поради тоа годината почна со темна нота. Засега не е на повидок одржливо подобрување на расположението на потрошувачите, особено затоа што инфлацијата неодамна повторно благо забрза, изјави Ролф Буркл, експерт за потрошувачи во Институтот НИМ.

Истражувањето покажува дека Германците сега ја оценуваат состојбата на нивните финансии понеповолно отколку во првата половина на 2024 година. Следствено, слабее и подготвеноста за трошење.

За пресметување на индексот за потрошувачкото расположение секој месец Институтите анкетираат околу 2.000 граѓани.

 

 

 

Извор: dpa

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...