Извозот на сирење од Русија во 2024 година е за 22% поголем во однос на претхоната година или за околу 33.000 тони, соопшти рускиот федерален центар „Агроекспорт“.
Според прелиминарните проценки на експертите, Казахстан, Белорусија и Узбекистан се меѓу трите најголеми увозници, пренесува „ТАСС“.
Минатата година извозот на руското сирење во Кина забележа сериозен пораст, а според податоците на генералната царинска управа на државата, вкупните количини изнесувале околу 440 тони, во вредност од околу два милиони долари.
Во однос на претходната година, испораките биле зголемени за 4,5 пати, физички и финансиски, пренесува „ТАСС“.
Извор: Politika
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.