Свет

Швајцарија: „Бери Калебаут“ со пад на продажбата во првиот квартал

27 Jan 2025

Производителот на чоколадa „Бери Калебаут“ објави приход од продажба од 3,4 милијарди швајцарски франци во првиот квартал од својата финансиска 2025 година.

Гледајќи ги регионалните перформанси во рамките на „Глобал чоколад“, Азија Пацифик, Блискиот Исток и Африка имаат најголем придонес со раст од 6,4%.

Латинска Америка забележа двоцифрен раст на обемот (+13,2%), предводена од Бразил, Северна Америка забележа пад на обемот од 1,9%, додека Централна и Источна Европа забележаа пад од 4,5%, под влијание на помалиот обем на набавки во неколку големи светски и регионални производители на храна, особено во Турција, се вели во соопштението на групацијата.

Нашата фискална година започна високите цени на какаото, создавајќи дополнителен притисок на пазарот. Додека се фокусираме на краткорочните оперативни приоритети во сегашната средина, гледаме значајна можност да создадеме одржлив профитабилен раст и вредност. Како лидер на пазарот, ние спроведуваме стратешки активности за да се прилагодиме на повисоката капитална база во индустријата и да играме клучна улога во набавката на одржливо какао за нашите купувачи. Продолжуваме да гледаме значителен потенцијал за раст во категоријата атрактивни чоколада, изјави Питер Фелд, извршен директор на групацијата „Бери Калебаут“.

Извор: Instore.rs

Фото: „Бери Калебаут“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...