Свет

Германија: Групацијата „Шварц“ ќе им ги зголеми платите на почетниците

20 Jan 2025

Компаниите од групацијата „Шварц“, „Лидл“, „Кауфланд“, „ПреЗеро“, „Стифунг“, „Шварц дигитс“ и „Шварц корпорејт солушнс“, од први април годинава ќе им ги месечните плати за 150 евра на практиканите, учесниците на матурантските програми и студентите кои се интегрирани во студиските програми.

Светот се менува и бара луѓето кои ќе го обликуваат. За компаниите од групацијата „Шварц“ обуката е основа за успешна професионална кариера. Затоа ги негуваме нашите талентирани идни вработени. Зголемувањето на платите ја потврдува нашата посветеност на исплата на правични плати и ја покажува нашата благодарност, изјави Роланд Хен, директор за човечки ресурси во „Шварц корпорејт солушнс“. 

Од април специјализантите ќе заработуваат 1.250 евра бруто месечно во првата година на обука, 1.350 евра во втората година и 1.500 евра во третата година.

Кога станува збор за матурантите, тие ќе заработуваат месечно бруто 1.350 евра во првата година од програмата и 1.500 евра во втората година, додека студентите на интегрираните студиски програми ќе заработуваат 1.650 евра месечно во првата година, 1.750 евра. во втората година, а во третата 1.950 евра.

Дополнително, сите и понатаму ќе добиваат годишни и божикни бонуси, се наведуваат во соопштението на групацијата.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: Групацијата „Шварц“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...