Свет

Швајцарија: „Кооп“ оствари пораст на продажбата

09 Jan 2025

Компанијата „Кооп“  оствари раст на продажбата од 386 милиони швајцарски франци во 2024 година, или 1,1% во споредба со 2023 година.

Продажбата на мало во овој период достигна вредност од 20,8 милијарди франци, што е раст од 0,5% во однос на истиот период претходната година.

Супермаркетите на „Кооп“ остварија нето-продажби од 12,1 милијарди франци, што е раст од 2%, додека, кога станува збор за специјализираните формати, продавниците „Кооп сити“ постигнаа раст од 2,2% до 800 милиони франци. Нето-продажбата преку интернет во овој период порасна за 8,7%.

 Кога станува збор за големопродажбата, компанијата објави вкупна продажба од 16,9 милијарди франци, што е раст од 2,9% на годишно ниво, додека големопродажбата на онлајн каналите забележа раст од 7,3%.

Во деловната област Производство, нето-продажбите на компанијата се зголемија за 5,2% до 5,7 милијарди франци.

Кога станува збор за големопродажбата, компанијата објави вкупна продажба од 16,9 милијарди франци, што е раст од 2,9% на годишно ниво, додека големопродажбата на онлајн каналите забележа раст од 7,3%.

Во деловната област производство, нето-продажбите на компанијата се зголемија за 5,2% до 5,7 милијарди франци.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Кооп“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...