Свет

Австралија: „Кока Кола“ го презема брендот за пијалаци RTD Billson's

25 Dec 2024

Компанијата „Кока Кола“ склучи договор за преземање на австралискиот бренд за пијалаци  Billson's.

Како што соопштуваат од компанијата, основачите на брендот, Натан и Фелисити Кауман ќе продолжат да ги произведуваат своите производи под друго име, а компанијата во моментов не планира да го шири брендот надвор од Австралија.

Возбудени сме што можеме да го додадеме Billson’s во нашето портфолио на брендови во Австралија. Оваа аквизиција ни овозможува да се проширува во динамичната категорија на РТД пијалаци во Австралија согласно со нашата визија да обезбедиме пијалаци за секоја прилика, имајќи го потрошувачот во центарот на она што го работиме, изјави Матиас Блуме, потпретседател за маркетинг во „Кока Кола“ за азискиот региони и Јужен Пацифик.

Оваа аквизиција се очекува да биде завршена на 31 јануари 2025 година.

 

Извор: InStore.rs

Фото: Billson's



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...