Малопродажбата во САД се зголеми за 0,7 отсто месечно на 724,6 милијарди долари во ноември и ги надмина очекувањата за раст од 0,6 отсто.
Бројката се зголеми нагоре од ревидираните 0,5 отсто во октомври, пренесува „Анадолу агенси“.
Најголем месечен раст е забележан кај продажбата на моторни возила и делови 2,6 отсто и кај онлајн продажбата 1,8 отсто. За разлика од нив, продажбата најмногу има пад кај специфични продавници (продавници за домашни миленици, цвеќарници...) за 3,5 отсто во ноември.
На годишна основа, продажбата на мало во ноември е зголемена за 3,8 отсто.
Во ноември беше и Black Friday. Според увидите од услугата „Спендинг пулс“ на Мастеркард продажбата на мало во САД, без автоиндустријата, се зголеми за 3,4% на 29 ноември, во споредба со минатиот Black Friday. Во споредба со минатогодишниот Black Friday онлајн продажбата забележа раст од 14,6%, додека продажбата во продавниците е зголемена за поскромни 0,7%.
Вкупните продажби за периодот од септември до ноември бележат пораст од 2,9 отсто во однос на истиот период пред една година, се вели во соопштението на Министерството за трговија.
Извор: Biznis.rs
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.